ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ОД 1 НОЕМВРИ МОЖАТ ДА ПОДНЕСАТ БАРАЊЕ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ПОВЛАСТЕНИ ПАРКИНГ УСЛУГИ ЗА КАЛЕНДАРСКАТА 2027 ГОДИНА
Јавното претпријатије за јавни паркиралишта ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје, согласно законските одредби на лицата со попреченост им овозможува повластени услови за користење на паркинг услугите.
Претпријатието во моментов е во процедура на прибирање на барања од страна на лица со попреченост за користење на повластени паркинг услуги за календарската 2027 година.
За таа цел ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје формираше Комисија која е надлежна за разгледување на доставени барања и нивно евентуално одобрување.
Се повикуваат сите лица со попреченост (жители на Град Скопје), заинтересирани за добивање на повластени паркинг услуги во периодот од 01.11.2026 - 01.12.2026 година до ЈП Градски Паркинг-Скопје, лично да достават уредно пополнето барање или барањето да го пополнат во канцеларијата на ЈП Градски Паркинг-Скопје на ул.Ѓуро Стругар бр.15 а, и во прилог да ги достават следниве документи:
- Копија од важечка сообраќајна дозвола со кое се утврдува дека возилото е регистрирано,
- Лична карта на увид од лицето со посебни попреченост,
- Инвалидска книшка на увид,
- Потврда од матичен лекар со точно наведена дијагноза во оригинал , не постара од 1(еден) месец,
- ПИОМ Решение за степен на телесно оштетување на увид,
- Лекарски наод од специјалист на увид,
Согласно Програмата за повластено користење на паркинг услуга на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје од страна на лица со попреченост за 2027 година, право за повластено користење на паркинг услуга, во оваа Програма, имаат:
Лицата со попреченост кои имаат некоја од следниве дијагнози:
- Лица заболени од дистрофија, мултиплекс склероза, церебрална парализа, параплегија, хемиплегија, квадриплегија, детска парализа, (полиомилитис), слепите лица со оштетување на видот над 90%, лица на дијализа и лица со ампутација на рака или нога со признато телесно оштетување од 80% , лица со трансплантиран орган или ткиво и лица донори на орган или ткиво, со утврдена состојба согласно со конзилијарно мислење од соодветна здравствена установа за примање на терапија, односно отсутно писмо од соодветна здравствена установа со кое е утврдено дека истите се донори.
- утврдено со акт на надлежната комисија во Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.
Комисијата за ЛПП напоменува дека издавањето паркинг-картички/дозволи за паркирање на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање, со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“– Скопје, ќе се врши до исцрпување на финансиските средства предвидени за таа намена во буџетот на Град Скопје за 2027 година.
Документите да се достават во канцеларијата на ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје, на ул.Ѓуро Стругар 15а. Дополнителни информации можат да се добијат на тел. 321 55 66 лок. 201, 203, 206 и 210 кај референтите за кориснички односи Христинка Зарева, Марина Здравевска и Љупчо Продановски.
ЈП ГРАДСКИ ПАРКИНГ-Скопје